Мевлут Чавушоглу: Неколку актери активно го дестабилизираат нашиот регион

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу истакна дека операцијата „Ирини“ се искористува како средство против Турција и дека неколку актери активно го дестабилизираат регионот

1538449
Мевлут Чавушоглу: Неколку актери активно го дестабилизираат нашиот регион

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во говорот што го одржа на една од сесиите во рамките на „ТРТ Ворлд Форум 2020“ (TRT World Forum 2020) кој оваа година се одржа на тема „Меѓународниот поредок и променливите динамики во светот, по пандемијата“, истакна дека кога станува збор за геополитиката тоа претставува трајна реалност на меѓудржавните односи.

Чавушоглу појасни дека операцијата „Ирини“ се искористува како средство против Турција и ја изнесе следната констатација: „Неколку актери активно го дестабилизираат нашиот регион. Турција одигрува клучна улога со тоа што се попречува пред овие иницијативи.“

Нагласувајќи дека додека Грција и Јужната кипарско-грчка управа се обидуваат да ги импозираат своите еднострани и маскималистички приоди во Источниот Медитеран, приоритетно прашање на Турција е освен правата на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) да ги одбрани и своите сопствени права, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу својот говор го продолжи со следните зборови: „Често гледаме како се злоупотребува солидаризацијата на Европската унија (ЕУ) за поддршка на националистичката агенда на овие членки (Грција и Јужната кипарско-грчка управа). Операцијата Ирини во последно време беше искористена како средство против Турција. Операцијата на 22 ноември издаде наредба за искачување на еден трговски брод којшто пловеше под турско знаме, без наша дозвола. Тоа претставуваше отворено кршење на меѓународното право. Беше постапувано лошо кон членовите на екипажот. На крајот на претресот којшто траеше 11 часа на бродот не можеше да се најде ништо спротивно на ембаргото за оружје. Жестоко го осудуваме овој незаконски чин. За одговор го задржуваме нашето право за искористување на секое законско и легитимно средство. Во секоја случај сме спремни за дијалог и соработка во Источниот Медитеран. Затоа, упативме повик за Регионална конференција за Источен Медитеран со учество на сите крајбрежни држави вклучувајќи ги кипарските Турци."



Слични вести