Либанскиот министер за надворешни работи Вехбе: Со Турција располагаме со пријателски односи

Либанскиот министер за надворешни работи Шербил Вехбе ги демантираше вестите во врска со тоа дека Турција се меша во внатрешните работи на неговата земја и напомена дека двете земји располагаат со пријателски односи

1537912
Либанскиот министер за надворешни работи Вехбе: Со Турција располагаме со пријателски односи

Либанскиот министер за надворешни работи Шербил Вехбе даде изјава за домашниот весникот „Нида Ал Ватан“ кадешто ги демантираше вестите во врска со тоа дека Турција се меша во внатрешните работи на неговата земја и напомена дека двете земји располагаат со пријателски односи.

Велејќи „Турција е пријателска земја за Либан. Турција и Либан се поврзани меѓусебно со пријателски врски. На прашањето да гледаме позитивно.“- Вехбе нагласи дека освен тоа Либан не станува сцена на конфликт помеѓу Турција и Франција.

Либанскиот министер за надворешни работи Шербил Вехбе привлече внимание дека Турција не презентира друг приод кон Либан освен пријателство и истакна дека двете земји се во постојан контакт.

„Изразите во однос на тоа дека Турција интервенира во северниот дел на Либан и дека поддржува некои сунитски групи не ја одразуваат вистината.“ – порача Вехбе.

Инаку, по силната експлозија којашто се случи во август во пристаништето на Бејрут, Турција им ја подаде својата рака за помош на либанските граѓани.



Слични вести