Калин: За прв пат по изминато толку долго време секој во светот е подложен на влијанието на една иста состојба Ковид-19

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин истакна дека за прв пат по изминато толку долго време секој во светот е подложен на влијанието на една иста состојба пред глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1538416
Калин: За прв пат по изминато толку долго време секој во светот е подложен на влијанието на една иста состојба Ковид-19

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин на „ТРТ Ворлд Форум 2020“ (TRT World Forum 2020) кој започна вчера а продолжи и денеска на тема „Меѓународниот поредок и променливите динамики во светот, по пандемијата“, говореше на сесијата под наслов „Мултиполарниот свет во периодот на пандемијата: Иднината на глобалната соработка.“

Калин во својот говор истакна дека за прв пат по изминато толку долго време секој во светот е подложен на влијанието на една иста состојба пред глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Ибрахим Калин посака со пронаоѓањето на вакцината што поскоро да се премине на „постпандемски период“ и рече: „Многу долго време како за прв пат се наоѓаме во состојба од којашто е погоден секој во светот, живееме во еден глобален момент во вистинска смисла на зборот.“

Калин истакна дека мисли оти ќе се доживеат бројни промени во перцепциите и дефинирањата во врска со концепти како што се глобализација, национална држава, рамнотежата помеѓу слободата и безбедноста, мултилатералноста и солидарноста.

Изнесувајќи примери дека пазарите во Азија влијаат на пазарите во Европа и Соединетите Американски Држави (САД), а војните во Сирија и Ирак на голем број далечни места на светот, Ибрахим Калин рече: „Меѓутоа, никогаш немавме еден настан којшто промени речиси сѐ, кој влијае на сфери на нашиот живот од исток кон запад кон богатите земји, од сиромашните земји од југ кон север. Верувам дека тоа ќе има значајни резултати во однос на начинот на управување на нашиот живот.“

Тој рече дека луѓето од овој процес би можеле да ја извлечат лекцијата дека „е можно да се живее со помалку“, а воедно го подвлече следното: „На нашиот пократок живот би можел да му донесе повеќе квалитет. Количинската големина не значи поздрав, посреќен или порационален живот.“

Привлекувајќи внимание дека во овој процес се појавија на преден план и начините на давање одговор (реагирање) на кризата со Ковид-19 и на меѓународните организации како Обединетите нации (ОН), Светската здравствена организација (СЗО), Европската унија (ЕУ), Организацијата за исламска соработка (ОИС), портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин подвлече дека меѓународните организации ќе мораат да направат некои промени по прашањето на зголемување на своите капацитети за справување со вакви кризи.

 



Слични вести