Генералниот секретар на НАТО Столтенберг информира за најновата состојба во турско-грчките односи

Јенс Столтенберг рече дека функционира механизмот за методите за разградување којшто е формиран за спречување на можните инциденти и несреќи помеѓу Турција и Грција во Источниот Медитеран и дека воедно посакуваат да го зајакнат овој механизм

1537919
Генералниот секретар на НАТО Столтенберг информира за најновата состојба во турско-грчките односи

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по вчерашниот прв ден од состанокот на Министерите за надворешни работи на Сојузот што се одржува преку видео-конференција одржа состанок за претставниците на печатот.

Столтенберг информира дека функционира механизмот за методите за разградување којшто е формиран за спречување на можните инциденти и несреќи помеѓу Турција и Грција во Источниот Медитеран и дека воедно посакуваат да го зајакнат овој механизм.

Велејќи дека на состанокот на Министрите за надворшени работи на Алијансата беше поставена на дневен ред и ситуацијата во Источниот Медитеран, Столтенберг потсети дека е формиран механизам за методите за разградување со цел спречување на можните инциденти и несреќи помеѓу Турција и Грција во Источниот Медитеран, дека е воспоставена комуникациона линија и дека некои воени вежби беа обострано откажани.

„Кога ќе седнеме да разговараме за сето тоа значи дека би можеле да воспоставиме мерки за зголемување на довербата за намалување на затегнатоста. Механизмот е формира и функционира. Постои меѓусебна размена на информации, каналите за комуникација се отворени. И на двајцата министри им реков дека сум спремен за зајакнување уште повеќе на механизмот во НАТО. Можеме да го направиме тоа, бидејќи овде во НАТО се состануваме секој ден.“ – рече Столтенберг.

Потсетувајќи дека помеѓу двете земји се одржуваат технички разговори во НАТО, генералниот секретар на Сојузот Јенс Столтенберг додаде дека се поддржуваат иницијативите под водство на Германија по прашањето на решавање на главните проблеми помеѓу Турција и Грција и дека формираниот механизам во НАТО би можел да помогне во овие видови иницијативи.



Слични вести