Чавушоглу: Ковид-19 ги зголеми непријателството кон странците, нетолеранцијата, расизмот и исламофобијата

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека епидемијата на Ковид-19 освен глобалната сиромаштија и нееднаквоста ги зголемуваат и трендовите во подем како што се непријателството кон странците, нетолеранцијата, расизмот и исламофобијата

1538496
Чавушоглу: Ковид-19 ги зголеми непријателството кон странците, нетолеранцијата, расизмот и исламофобијата

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу говореше на една сесија во рамките на „ТРТ Ворлд Форум“ (TRT World Forum 2020) што се одржа во виртуелна средина, а на која учествуваа и пакистанскиот министер за надворшени работи Махмуд Курејши и финскиот министер за надворешни работи Пека Хаависто.

Чавушоглу истакна дека епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) освен глобалната сиромаштија и нееднаквоста ги зголемуваат и трендовите во подем како што се непријателството кон странците, нетолеранцијата, расизмот и исламофобијата.

На едно поставено прашање во однос на тоа дали глобалната епидемија на Ковид-19 доведува или не до зголемување на непријателството кон странците, расизмот и исламофобијата, Мевлут Чавушоглу одговори дека епидемијата најпрвин започна како народно здравје и потоа се претвори во глобална криза со сериозни социјални и економски резултати.

Привлекувајќи внимание на растечката глобална сиромаштија и нееднаквост поради епидемијата, Чавушоглу констатира: „Тоа, освен тоа ги зголеми тенденциите во подем коишто ионака се во подем како непријателството кон странците, нетолеранцијата, расизмот и исламофобијата. За жал Европа е фокус а точка на една ваква негативна тенденција. Секако, Финска ја држам надвор од тоа, меѓутоа тоа го гледаме многу јасно во Западна Европа. Загрижени сме од тоа што Европа со секој поминат ден доаѓа во положба на заложник на популистичките расистички говори и реториките против мигрантите (бегалците).“

Чавушоглу истакна дека расте говорот на навреда и омраза против исламот и муслиманите и дека поради нападите против муслиманите се наоѓаат под опасност безбедноста и просперитетот на милиони муслимани во Европа.

Укажувајќи на тоа дека популистичките и расистички реторики ќе бидат само во услуга на зајакнување на радикалите и терористите, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу подвлече дека враќањето наопаку на оваа тенденција претставува одговорност и на политичките лидери и напомена дека доколку за мали политички игри се поддржат расистичките приоди, ќе изгуби секој.



Слични вести