Претседателот Ердоган го прими украинскиот премиер Шмихал

„Турција е една од клучните земји во обезбедувањето на стабилност и доверба во Црното Море“ рече Шмихал

1537222
Претседателот Ердоган го прими украинскиот премиер Шмихал

 

Вчера претседателот Реџеп Тајип Ердоган во Анкара го прими украинскиот премиер Денис Шмихал.

Приемот во претседателскиот комплекс траеше 50 минути.

Премиерот Шмихал, во објавата преку профилот на твитер по средбата изрази задоволство од средбата со Ердоган, истакнувајќи дека Турција е една од клучните земји во обезбедувањето на стабилност и доверба во Црното Море и дека гледано од тој аспект игра важна улога.

Истакнувајќи дека Украина сака да ја зајакне соработката со Турција,  Денис Шмихал рече:

„Договорот за слободна трговија ќе ја охрабри и поттикне оваа соработка“.



Слични вести