Потпишан меморандумот за формирање и задачата на Заедничкиот турско-руски центар за надгледување на примирјето во Нагорно Карабах
Министерството истакна дека продолжуваат потребните активности за функционирање во најскоро време на Заедничкиот турско-руски центар којшто ќе биде формиран за надгледување и контрола на применувањето на примирјето помеѓу Азербејџан и Ерменија

Министерството за национална одбрана соопшти дека се завршени разговорите за техничките детали во врска со формирањето и задачата на Заедничкиот турско-руски центар и е потпишан меморандумот по ова прашање.
Министерството истакна дека продолжуваат потребните активности за функционирање во најскоро време на Заедничкиот турско-руски центар којшто ќе биде формиран за надгледување и контрола на применувањето на примирјето помеѓу Азербејџан и Ерменија.
Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер се потсетува дека со цел надгледување и контрола на применувањето на постигнатото примирје помеѓу Азербејџан и Ерменија на 11 ноември преку видео-конференција беше потпишан меморандум помеѓу министерот за национална одбрана Хулуси Акар и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
Во соопштението се истакнува дека се завршени разговорите за техничките детали во врска со формирањето и задачата на Заедничкиот турско-руски центар и е потпишан меморандум по ова прашање, а воедно се вели следното: „Се водат неопходните активности за ставање во примена во најскоро време на центарот.“