Министерот за здравство Коџа: Од 11 декември почнуваме со етапно вакцинирање против Ковид-19

Министерот за здравство Фахреттин Коџа информира дека во Турција од 11 декември ќе започне етапно вакцинирање против новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1537769
Министерот за здравство Коџа: Од 11 декември почнуваме со етапно вакцинирање против Ковид-19

Во Турција од 11 декември ќе започне етапно вакцинирање против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Министерот за здравство Фахреттин Коџа, во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) одговараше на прашањата на новинарите.

Министерот Коџа истакна дека од 11 декември ќе започне етапно вакцинирање против новиот тип коронавирус (Ковид-19) и дека првото вакцинирање ќе им се изврши на здравствените работници.

Тој воедно рече дека Научниот совет работи на тоа кои граѓани ќе бидат вакцинирани.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа ја сподели и информацијата за тоа дека во декември веројатно ќе пристигнат 20 милиони вакцини и го рече следното: „Првата фаза на домашната вакцина ќе заврши на 14-15 декември.“



Слични вести