Ердоган:„Дигитализацијата не треба да предизвика нови неправди и маргинализации“

Ако доброволно не ги поддржат нашите добронамерни напори, Турција во сите околности ќе продолжи да го штити правото на граѓаните

1537560
Ердоган:„Дигитализацијата не треба да предизвика нови неправди и маргинализации“

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека дигитализацијата не треба да доведе до нови неправди и маргинализација.

Претседателот Ердоган на Светскиот форум ТРТ 2020 (TRT World Forum 2020), која манифестација започна денес под наслов „Меѓународниот поредок и променливите динамики во светот по пандемијата“ и се одржува во виртуелно опкружување, присуствуваше со видео порака.

Истакнувајќи дека како и сè друго во животот и технологијата постои за да се олесни човечкиот живот, претседателот Ердоган рече:

„ Меѓутоа, ако тоа се перцепцира како област надвор од законот, каде што нема контрола, отворена за самоволие, тогаш нивото на кое ќе не доведе дигитализацијата е фашизмот. Затоа, додека дигитализацијата ја проширува областа на слободата, не треба да доведе до нови неправди, нова маргинализација“.

Нагласувајќи дека слободата не подразбира поредок во кој сторителот на злото и кривичното дело ќе биде награден, Ердоган рече:

„Добронамерните чекори на државите кои имаат право да ги преземат потребните мерки за заштита на граѓаните, за жал се оценуваат и вбројуваат во интервенција  врз слободите. Ако доброволно не ги поддржат нашите добронамерни напори, Турција во сите околности ќе продолжи да го штити правото на граѓаните.“

Изразувајќи дека меѓународните медиуми играат три мајмуни кога станува збор за случувањата во Европа и дека Франција не објави ниту една критична реченица против медиумската блокада, Ердоган рече:

„Навистина е срамно за органите на медиумите да играат предводничка улога против исламофобијата и ксенофобијата. Ако не запре грубиот став што се прикажува под закрилата на слободата на печатот, цехот за тоа заедно со Европа ќе го плати и целото човештво“.

Претседателот Ердоган рече дека во период кога меѓународните медиуми се еднообразни и монотони, ТРТ ворлд стана гласот на правдата против неправдата.



Слични вести