Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 190 лица, регистрирани 6.101 новозаболен, оздравеа 4.593 лица

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 190 лица, регистрирани се 6.101 новозаболен, дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 30.110, а оздравеа 4.593 пациенти

1537808
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 190 лица, регистрирани 6.101 новозаболен, оздравеа 4.593 лица

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 190 смртни случаи.

Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна вкупно 13.936 лица.

Во изминатите 24 часа се направени 180.312 тестирања од кои се дијагностицирани 6.101 новозаболен.

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 30.110 лица.

Вкупниот број на регистрирани случаи на инфектирани од коронавирусот (Ковид-19) изнесува 506.966 лица.

Со отпуштање од болница на уште 4.593 излекувани, вкупниот број на оздравени пациенти од Ковид-19 во Турција се зголеми на 409.320 лица.



Слични вести