Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија се неутрализирани четворица терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани четворица терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ

1536624
Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија се неутрализирани четворица терористи

Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани четворица терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер се истакнува дека група терористи се обиделе да се префрлат во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија.

Во соопштението се вели следното: „Со успешната интервенција на нашите јуначки командоси се неутрализирани четворица терористи на ПКК/ЈПГ кои се обидоа да се префрлат во подрачјето на операцијата Извор на мирот, а со цел нарушување на спокојството и средината на доверба.“



Слични вести