Украинскиот премиер Денис Шмигал во посета на Турција

Украинскиот премиер Денис Шмигал во дворецот Мабејн во Истанбул се состана со министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк и претседателот за одбранбена индустрија при претседателството Исмаил Демир

1536506
Украинскиот премиер Денис Шмигал во посета на Турција

Украинскиот премиер Денис Шмигал во рамките на посетата на Турција во дворецот Мабејн во Истанбул се состана со министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк и претседателот за одбранбена индустрија при претседателството Исмаил Демир.

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк во дадената изјава пред посетата истакна дека за состанокот со украинската делегација е избран специјално дворецот Мабејн чија историја се протега до пред 400 години.

Министерот Мустафа Варанк го подвлече и следното: „Ова место во текот на вековите беше сведок на бројни историски настани. И денеска сите заедно ќе бидеме сведоци на еден историски ден од аспект на нашите односи со Украина. Нашите односи помеѓу нашите земји, кои се стекнаа со силен интензитет сакаме да ги пренесеме на конкретни проекти. Посакуваме оваа посета да ги донесе со себе новите соработки и од аспект на двете земји.“

Украинскиот премиер Денис Шмигал по остварената специјална средба со министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк и претседателот за одбранбена индустрија при претседателството Исмаил Демир, претседателствуваше со состанокот помеѓу турската и украинската делегација.

На состанокот беа разгледани проектите за соработка помеѓу двете земји во сферата на индустријата, технологијата и одбранбената индустрија.



Слични вести