Турција го осуди нападот на терористичката организација Боко Харам во Нигерија

Министерството за надворешни работи соопшти дека е дочекана со жалење веста за нападот реализиран од страна на терористичката организација Боко Харам на една нива за ориз во провинцијата Борно во Нигерија во кој загинаа повеќе од 110 лица

1536500
Турција го осуди нападот на терористичката организација Боко Харам во Нигерија

Турција го осуди реализираниот напад од страна на терористичката организација Боко Харам во Нигерија.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека е дочекана со жалење веста за нападот во кој загинаа повеќе од 110 лица, а голем број лица беа ранети во завчерашниот реализиран напад од страна на терористичката организација Боко Харам на една нива за ориз во градчето Забармари во провинцијата Борно во Нигерија.

Во соопштението се вели следното: „Го осудуваме овој гнасен терористичка акт. Го изразуваме нашето искрено сочувство до семејствата на загинатите во нападот и до пријателскиот и братски нигериски народ и нигериската Влада, на ранетите им посакуваме побрзо оздравување.“

Инаку, во акциите на колективно насилство на терористичката организација Боко Харам која во Нигерија делува од почетокот на 2000-дитите години, од 2009 година досега  животот го загубија повеќе од 20 илјади лица.

Оваа терористичка организација од 2015 година досега реализира напади и во соседните земји Камерун, Чад и Нигер.

Во нападите на организацијата во басенот на Чадското езеро, животот го загубија најмалку 2 илјади лица, а приближно 3 милиони лица се раселени.



Слични вести