Состанок на претседателскиот кабинет под претседателство на претседателот Ердоган: Во фокусот се наоѓа борбата против Ковид-19

На состанокот ќе се разговара за најновата ситуација во борбата против епидемијата на новиот тип (Ковид-19) во Турција, при што се очекува да бидат донесени нови превентивни мерки во бројни сфери како здравството, образованието и економијата

1536620
Состанок на претседателскиот кабинет под претседателство на претседателот Ердоган: Во фокусот се наоѓа борбата против Ковид-19

Претседателскиот кабинет се состанува денеска под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

На состанокот ќе се разговара за најновата ситуација во борбата против епидемијата во Турција.

Во тие рамки, ќе има свое излагање министерот за здравство Фахреттин Коџа кој ќе ги информира членовите на претседателскиот кабинет во врска со најновата ситуација во борбата против епидемијата и ќе ги достави усвоените одлуки со препорака на Научниот совет.

На состанокот ќе биде направена проценка на усвоените одлуки со препорака од страна на Научниот совет и ќе се донесат одлуки во врска со новите превентивни мерки коишто ќе бидат ставени во примена во борбата против пандемијата, во земјата.

На денешниот состанок на Претседателскиот кабинет се очекува да бидат донесени нови превентивни мерки во бројни сфери како здравството, образованието и економијата.

На состанокот исто така ќе се разгледа и најновата ситуација во работите за развивање на вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот и степенот до кој е дојдено во работите за развивање на домашна вакцина. 

По состанокот, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе ги сподели со јавноста донесените одлуки.



Слични вести