Почнувајќи од утре во Турција поради Ковид-19 се воведува полициски час

Полицискиот час за викендот ќе започне во петок навечер а ќе заврши во понеделник наутро

1537097
Почнувајќи од утре во Турција поради Ковид-19 се воведува полициски час

 

Во борбата против новиот вид коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа во Турција животите ги загубија 188 лица.

Бројот на смртните случаи од почетокот на епидемијата се зголеми на 13.746.

За еден ден беа извршени 176.656 тестови, а идентификувани се 6.514 нови пациенти. Дневниот број на случаи е 31.219.

Бројот на пациентите кои беа отпуштени од болница се зголеми на 4.485 лица, додека бројот на оние кои оздравеа се искачи на 404.727.

Од друга страна, претседателот Реџеп Тајип Ердоган по состанокот на претсдеателскиот кабинет ги објави новите мерки кои беа донесени против епидемијата.

Според новите мерки, во работните денови (според турско време), почнувајќи од утре од 21:00 до 05:00 часот и за време на викендите континуирано (петок од 21:00 до 05:00 часот во понеделник) ќе се применува ограничување на излегувањето на улица.

Наведувајќи дека мерките се проширени и во образованието, транспортот и услужните сектори, Ердоган истакна дека следниот месец ќе започне примената на 50 милиони дози на вакцини нарачани во првата фаза.

Ердоган исто така од граѓаните побара да се однесуваат во духот на мобилизација против епидемијат



Слични вести