Чавушоглу на 1-2 декември ќе учествува на состанокот на министри за надворешни работи на НАТО
На состанокот ќе се разговара за Процесот за оценување НАТО 2030 којшто е започнат со цел зајакнување на политичката улога на Сојузот и ситуацијата во евро-атлантскиот регион
1536839

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на 1-2 декември ќе учествува на состанокот на министри за надворешни работи на НАТО кој поради пандемијата на новиот тип коорнавирус (Ковид-19) ќе се одржи преку видео-конференција.
На состанокот ќе се разговара за Процесот за оценување НАТО 2030 којшто е започнат со цел зајакнување на политичката улога на Сојузот и ситуацијата во евро-атлантскиот регион.
На состанокот воедно се предвидува да се консултира за најновите случувања во региони како што се Блискиот исток, Северна Африка, Балканот и Црното Море.
Слични вести
