Акар: „Грција греши со барање решение на други порти“

Ние не сме тие што ја зголемуваат напнатоста и ги ескалираат настаните

1537070
Акар: „Грција греши со барање решение на други порти“

 

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече дека Грција направи грешки барајќи решенија пред другите порти во врска со источно-медитеранско прашање.

Под претседателство на министерот Акар, се одржа состанок преку видео конференција со учество на командантите на силите и замениците министри Јунус Емре Караосманоглу и Алпаслан Каваклиоглу.

Надоврзувајќи се на случувањата во Источен Медитеран, министерот Акар на состанокот рече:

„Ние не сме тие што ја зголемуваат напнатоста и ги ескалираат настаните. Ние навистина се обидуваме да сториме се што можеме за да ги решиме нашите проблеми по пат на дијалог, во рамките на добрососедски односи со разговори и преговори. За жал, нашиот сосед тврдоглаво се воздржува од разговори, средби и бара решенија на други врати. И покрај тоа што постојано им повторувавме дека не може да се најде решение на овој начин, тие сепак инсистираат на овој начин на однесување. Грешат.“

Нагласувајќи дека Турција и Грција,

големиот дел од проблемите можат да решат како две соседни земји по пат на дијалогот, Акар рече:

„Велиме да разговараме, да одржиме средби за овие прашања. За прашањата можеме да разговараме во рамките на мерките за градење меѓусебна доверба, да преговараме во рамките на истражните разговори, да се состанеме под покровителство на генералниот секретар на НАТО и да одржиме средби за разградување на прашањата. Иако сите овие прашања се отворени, за жал грчката страна и натаму продолжува со контрадикторниот став и избегнување на преговорите и средбите“.

„Кога вистината е очигледна (грчката страна) настојчиво го изнесуваат тврдењето дека наводно ние сме страната која ги зголеми тензиите, напнатоста и сме провоцирале. Ова навистина не се начини да се најде поволен пат за разбирање, се надеваме дека ќе бидат разбрани. Патот којшто ние го следиме е правилен. Цврсто ќе продолжиме да чекориме по патот во кој веруваме, ќе го одржиме нашиот принципиелен став за да ги заштитиме нашите права и интереси, а исто така ќе внимаваме и ќе продолжиме да ги одржуваме добрососедските односи. Знаеме што треба да се направи во врска со правата и интересите и на нашите кипарски браќа и на нашата земја, исто така ги знаеме одлуките донесени во меѓународното право и традициите и принципиелно ќе продолжиме да напредуваме во овие рамки“.



Слични вести