Турција го осуди убиството на иранскиот научник Мухсин Фахризаде

Министерството за надворешни работи на Турција објави соопштение со кое го осуди убиството на иранскиот научник Мухсин Фахризаде кој беше жртва на извршен вооружен напад (атентат)

1536284
Турција го осуди убиството на иранскиот научник Мухсин Фахризаде

Турција го осуди убиството на иранскиот научник Мухсин Фахризаде.

Министерството за надворешни работи на Турција објави соопштение во врска со смртта на иранскиот  нуклеарен научник Мухсин Фахризаде кој беше жртва на извршен вооружен напад (атентат).

Во соопштението на Министерството се истакнува следното: „Ја дочекавме со жалење смртта на иранскиот научник Мухсин Фахризаде во извршен вооружен напад во Техеран. Го осудуваме овој гнасен напад, изразуваме сочувство до иранската Влада и семејството на убиениот.“

Во соопштението се истакнува дека Турција е против секој вид тероризам за нарушување на мирот и спокојството во регионот, независно од тоа од чија страна се врши и против кого се цели.

„Во таа насока, посакуваме да бидат откриени извршителите на оваа акција и да положат сметка пред правдата, ги повикуваме сите страни да делуваат со здрав разум и воздржаност и да избегнуваат од иницијативи коишто ќе доведат до зголемување на тензијата во регионот.“ - стои во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.



Слични вести