Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп ја осуди пораката со закана против муфтијата на Ксанти

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп ја осуди напишаната расистичка заканувачка порака до муфтијата на Ксанти Ахмет Мете, во Западна Тракија, Грција

1536229
Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп ја осуди пораката со закана против муфтијата на Ксанти

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп на својот профил на социјалната мрежа Твитер покажа реакција на расистичката закана против муфтијата на градот Ксанти Ахмет Мете, во Западна Тракија, Грција.

Шентоп ја осуди напишаната расистичка заканувачка порака до муфтијата на Ксанти Ахмет Мете и го истакна следното: „Го осудувам нападот врз домот на муфтијата на Ксанти (турски Искече) господинот Ахмет Мете, во Западна Тракија. Го привлекувам вниманието на оние кои ја ветиле одговорноста за одбрана на правата на турското малцинство. Се надевам дека и Европската унија (ЕУ) ќе се потсети на човековите права и тогаш кога еден муслиман ќе биде подложен на напад.“

Реакција со осуда на расистичката закана против муфтијата на градот Ксанти Ахмет Мете, во Западна Тракија, Грција, пристигна и од претседателот за верски прашања Али Ербаш.

Али Ербаш во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер, напиша: „Жестоко го осудувам нападот врз муфтијата на Ксанти (турски Искече) Ахмет Мете, очекуваме од страна на грчките органи што поскоро да бидат изведени пред лицето на правдата сторителите на овој чин исполнет со омраза којшто продолжува да се врши од страна на расистичките групи против турското малцинство и неговите преттсваници во Западна Тракија.“



Слични вести