Претседателот Ердоган: Како Турција застануваме во одбрана на Ерусалимската кауза на сите платформи

Претседателот Ердоган во пораката истакна дека како Турција се застанува во одбрана на Ерусалимската кауза на сите платформи

1536333
Претседателот Ердоган: Како Турција застануваме во одбрана на Ерусалимската кауза на сите платформи

Пред поканатите учесници на програмата што се одржа по повод церемонијата на свечено отворање на новата зграда на Меѓупарламентарната платформа за Ерусалим (Кудс) во населбата Бахчелиевлер во Истанбул, во рамките на „Меѓународниот ден на солидарност со палестинскиот народ“, беше прочитана испратената порака на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Претседателот Ердоган во пораката истакна дека како Турција се застанува во одбрана на Ерусалимската кауза на сите платформи.

Ердоган изрази желба новоизградената зграда да стане аирлија, повод за добри работи и рече: „На меѓународниот ден на солидарност со палестинскиот народ го поздравувам од срце палестинскиот народ. Меѓупарламентарната платформа за Ерусалим (Кудс) со активностите, состаноците и конференциите коишто ги одржува станува гласот и здивот на праведната кауза на нашите палестински браќа на глобално ниво. Верувам дека се крајно драгоцени, како активностите кои ги остварувате во вашите земји, така и програмите кои ги реализирате како членки на Платформата за Ерусалим (Кудс).“

Велејќи дека Ерусалимската кауза не е прашање само на муслиманите во Палестина, туку е кауза на исламскиот свет кој брои 1,8 милијарди, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го додаде следното: „Како Турција застануваме во одбрана на Ерусалимската кауза на сите платформи, со сета сила со која што располагаме работиме за крај на политиките на окупација, зулум и геноцид насочени кон нашите палестински браќа. Ќе ја продолжиме нашата борба со одлучност се додека да се формира независна, обединета и суверена држава Палестина со главен град Источен Ерусалим, во границите од 1967 година на основа на резолуциите на Обединетите нации (ОН) и Арапската мировна иницијатива.“

 



Слични вести