Мустафа Шентоп: Прашањето на Ерусалим (Кудс) е најзначајното прашање на 21. век

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп истакна дека прашањето на Ерусалим (Кудс) е најзначајното, најклучното прашање на 21. век

1536298
Мустафа Шентоп: Прашањето на Ерусалим (Кудс) е најзначајното прашање на 21. век

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп учествуваше на церемонијата на свечено отворање на новата зграда на Меѓупарламентарната платформа за Ерусалим (Кудс) во Истанбул.

Во говорот што го одржа овде, Шентоп истакна дека прашањето на Ерусалим (Кудс) е најзначајното, клучното прашање на 21-от век.

„Прашањето на Ерусалим (Кудс) е најзначајното прашање, клучното прашање на 21. век. Да се води палестинската кауза всушност значи да се дискутира, да се поведе дискусија за светскиот поредок формиран во 20. век по двете светски војни. Во 21. век веќе сме во време кога угнетените народи, а пред се муслиманите, ќе зајакнат, ќе ги бараат своите права и правото, ќе водат кавга и борба за нив.“ - рече претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп. 



Слични вести