Министерството за национална одбрана: Во последниот еден месец се неутрализирани 80 терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во рамките на операциите во борбата против тероризмот во последниот еден месец се реализирани 34 операции од кои 8 големи и 26 од среден обем, во кои се неутрализирани 80 терористи

1536310
Министерството за национална одбрана: Во последниот еден месец се неутрализирани 80 терористи

Во рамките на борбата против тероризмот во последниот еден месец се неутрализирани 80 терористи.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, од страна на мајор Пинар Кара на задача во потсектетаријатот за печат и односи со јавноста е одржана прес-конференција.

Велејќи дека во рамките на операциите во борбата против тероризмот во последниот еден месец се реализирани 34 операции од кои 8 големи и 26 од среден обем, мајор Кара информира дека во овие операции се неутрализирани 80 терористи.

„Продолжуваат со одлучност нашите операции за продолжување со засилување на воспоставената контрола на теренот со операцијата Канџа-3 во северниот дел на Ирак и неутрализирање на терористите кои се наоѓаат во подрачјето. До денеска се неутрализирани вкупно 348 терористи. Во реализираните операции се покажува секов вид чувствителност за да не му се наштети на локалното население.“ - рече мајор Пинар Кара.

Таа истакна дека од страна на турските јуначки командоси се неутрализираат и терористи на ПКК/ЈПГ кои се обидуваат да извршат напади и да се префрлат во подрачјата на операциите во северниот дел на Сирија, а со цел нарушување на тамошниот воспоставен мир и средината на спокојство.

Мајор Пинар Кара рече: „Во тие рамки, во последниот еден месец во операциите во северниот дел на Сирија се неутрализирани 184 терористи.“



Слични вести