Мевлут Чавушоглу: Турција секогаш ќе биде покрај палестинскиот народ

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во пораката што ја сподели на својот профил на Твитер по повод „Меѓународниот ден на солидарност со палестинскиот народ“ истакна дека Турција секогаш ќе биде покрај палестинскиот народ

1536297
Мевлут Чавушоглу: Турција секогаш ќе биде покрај палестинскиот народ

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу сподели порака на својот профил на социјалната мрежа Твитер по повод „Меѓународниот ден на солидарност со палестинскиот народ“.

Чавушоглу во пораката истакна дека Турција секогаш ќе биде покрај палестинскиот народ и го напиша следното: „Од срце ги поддржуваме нашите палестински браќа, на Меѓународниот ден на солидарност со палестинскиот народ. Оваа кауза, е наша кауза. Секогаш ќе бидеме покрај палестинскиот народ во неговата праведна кауза.“

Во врска со прашањето е споделена порака и на профилот на Министерството за надворешни работи на Турција, во која се истакнува следното: „На Меѓународниот ден на солидарност со палестинскиот народ, на најсилен начин ја потврдуваме нашата приврзаност кон праведната кауза на Палестина. Ќе продолжат нашите напори во правец на трајно надминување на историската неправда на којашто е подложен братскиот палестински народ, на основа на решението со две држави.“



Слични вести