„ТРТ Ворлд Форум 2020“ на 1-2 декември ќе започне со воведниот говор на претседателот Ердоган

„ТРТ Ворлд Форум 2020“ (TRT World Forum 2020) кој ќе се одржи од 1 до 2 декември во виртуелна средина на тема „Меѓународниот поредок и променливите динамики во светот, по пандемијата“, ќе започне со воведниот говор на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган

1535906
„ТРТ Ворлд Форум 2020“ на 1-2 декември ќе започне со воведниот говор на претседателот Ердоган

На отворањето на годинашниот „ТРТ Ворлд Форум 2020“ (TRT World Forum 2020) кој ќе се одржи од 1 до 2 декември во виртуелна средина на тема „Меѓународниот поредок и променливите динамики во светот, по пандемијата“, ќе говори претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Според објавеното соопштение од Турската радио и телевизија (ТРТ), на „ТРТ Ворлд Форум 2020“ (TRT World Forum 2020) ќе имаат излагања лидери, експерти, академици од различни делови на светот кои ќе направат проценка на промените на рамнотежите во светот, по пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Манифестацијата којашто ќе се одржи на 1-2 декември во виртуелна средина во организација на Турската радио и телевизија (ТРТ) ќе започне со воведниот говор на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, како почесен гостин.

На форумот чија тема гласи „Меѓународниот поредок и променливите динамики во светот, по пандемијата“, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ќе има свое излагање на сесијата под наслов „Новиот период во меѓудржавните односи по Ковид-19), министерот за индустрија и технологија Мустафа Враанк пак, ќе говори на сесијата под наслов „Иднината на технологијата во светот по пандемијата.“

На овие и уште други излагања ќе бидат поставени на маса глобалните проблеми. 

На Форумот, шефот на одделот за комуникации Фахреттин Алтун ќе говори во врска со светскиот дневен ред, додека портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин ќе учествува и ќе има свое излагање на сесијата под наслов „Мултиполарниот свет во периодот на пандемијата: Иднината на глобалната соработка“.

За повеќе и подателани информации за регистрирање и во врска со „ТРТ Ворлд Форум 2020“ (TRT World Forum 2020) можете да ја посетите интернет страницата www.trtworldforum.com

 



Слични вести