На Светскиот форум ТРТ 2020 ќе учествува претседателот Реџеп Тајип Ердоган

На годинашниов Светски форум ТРТ 2020 исто таке ќе присуствуваат и блиските колеги на претседателот Ердоган

1535977
На Светскиот форум ТРТ 2020 ќе учествува претседателот Реџеп Тајип Ердоган

 

Соопштение за медиумите                                                                                             28.11.2020

                                                                                                                                                         

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган на Светскиот форум ТРТ 2020

 

Годинашниов Светски форум ТРТ 2020 (TRT World Forum 2020) кој ќе се одржи во виртуелна средина на 1 и 2 декември под наслов „Меѓународниот поредок и променливите динамики во светот по пандемијата“ ќе започне со поздравниот говор на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

 

На Светскиот форум ТРТ 2020, лидерите, експертите, академиците и угледните личности од различни географии на светот ќе говорат за промените во рамнотежите по епидемијата на коронавирус. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган на манифестацијата што ќе се одржи на 1 - 2 декември од страна на ТРТ, онлајн во виртуелна средина, ќе учествува како почесен гостин.

 

Претседателот Ердоган, на овогодишниот Светски форум на ТРТ, која манифестација се одржува од 2017 година наваму и досега на сите форуми даде значајни изјави и пораки кои наидоа на голем оддек во светските медиуми, се очекува да има важни изјави и пораки.

 

Државниот врв ќе се состане на Светскиот форум ТРТ 2020

 

На годинашниов Светски форум ТРТ 2020 исто таке ќе присуствуваат и блиските колеги на претседателот Ердоган како што се директорот на дирекцијата за комуникации при претседателскиот кабинет Фахретин Алтун, портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин, министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Директорот за комуникации Алтун се очекува да даде важни изјави во врска со светската агенда, а исто како и претходните години се очекува домашните и меѓународни учесници од целиот свет со своите излагања да дадат придонес во изнесувањето на актуелните прашања на агендата на светот.

 

На манифестацијата што ќе се одржи под наслов „Меѓународниот поредок и променливите динамики во светот по пандемијата“ претставниците на државниот врв ќе учествуваат на сесиите под значајни наслови. Ибрахим Калин ќе учествува на сесијата под наслов „Мултиполарниот свет во периодот на пандемијата: Иднината на глобалната соработка“, Мевлут Чавушоглу на сесијата „Новиот период во односите меѓу државите по Ковид-19“ и Мустафа Варанк на сесијата „Иднината на технологијата во светот по пандемијата“ и на тој начин на маса ќе бидат поставени и разгледани глобалните прашања.

Со подетални информации за регистрирањето на Светскиот форум ТРТ 2020 како и манифестацијата општо можете да се стекнете преку следната веб адреса:

www.trtworldforum.com

Промотивен филм на Светскиот форум ТРТ 2020:

https://wetransfer.com/downloads/05f3e6016b338ea52ae118ba47bceda120201128061740/fba6f0

 



Слични вести