Мевлут Чавушоглу во посета на Нигер кадешто остварува низа билатерални средби и разговори

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на маргините на 47. состанок на Советот на министри за надворешни работи на Организацијата за исламска соработка (ОИС), во главниот град на Нигер, Ниамеј, остварува и низа билатерални средби и разговори

1535861
Мевлут Чавушоглу во посета на Нигер кадешто остварува низа билатерални средби и разговори

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во главниот град на Нигер, Ниамеј, кадешто отпатува по повод 47. состанок на Советот на министри за надворешни работи на Организацијата за исламска соработка (ОИС), остварува и низа билатерални средби и разговори.

Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека на остварената средба со претседателот на Нигер Махамаду Исуфу му ги доставил поздравите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Велејќи дека уште еднаш му честитал на нигерискиот претседател Махамаду за привременото претседателствување со Организацијата за исламска соработка (ОИС), Чавушоглу ја сподели следната порака: „Ќе ја развиеме нашата соработка со Нигер во секоја сфера на чело со одбраната, здравството, образованието и рударството.“ 

Мевлут Чавушоглу во една своја друга споделена објава истакна дека на маргините на овој значаен собир во главниот град на Нигер, Ниамеј, остварил срдечна средба и со министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Фајсал бин Фархан.

Чавушоглу информира дека Турција им придава значење на односите со Саудиска Арабија и го рече следното: „Силното партнерство помеѓу Турција и Саудиска Арабија ќе биде корисно за целиот регион, а не само за нашите односи.“

Во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер во врска со остварената средба со министерот за надворешни работи на Малдивите Абдула Шахид, министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу укажа дека ќе биде развиена соработката помеѓу двете земји во секоја сфера на чело со економијата, трговијата, земјоделството и образованието .

Чавушоглу рече: „Летовите коишто ги започна Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) за Мале ќе обезбедат значајни придонеси во туризмот помеѓу нашите земји.“



Слични вести