Ердоган: Оваа година моравме да се бориме и против вирусот исламофобија кој се шири побрзо и од Ковид-19

Претседателот Ердоган рече: „Оваа година не само против пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) моравме да се бориме и против вирусот наречен „непријателство кон исламот т.е. исламофобијата) кој се шири побрзо и од вирусот Ковид-19“

1535845
Ердоган: Оваа година моравме да се бориме и против вирусот исламофобија кој се шири побрзо и од Ковид-19

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган преку видео-конференција говореше на 23. Годишен конгрес на Американско-муслиманската заедница кадешто се осврна на актуелните случувања.

Претседателот Ердоган рече: „Оваа година не само против пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) моравме да се бориме и против вирусот наречен „непријателство кон исламот т.е. исламофобијата) кој се шири побрзо и од вирусот Ковид-19.“

Ердоган истакна дека се согледува оти идеолошкиот фанатизам се поттикнува на претседателско ниво.

Тој рече: „Во земјите кои долги години се оценуваат како колевка на демократијата, културниот расизам, дискриминацијата и нетолеранцијата веќе се дојдени до димензии коишто не можат да се сокријат.“

Велејќи дека непријателството кон исламот (исламофобијата) и непријателството кон странците се претворени во движење кое што ја заробува политиката, го отежнува секојдневниот живот и им придава тек на државните политики, претседателот Ердоган појасни дека во голем број земји веќе е вообичаена состојба отуѓувањето на муслиманите поради нивното верување, јазикот, името или начинот на облекување.

„Палењето на светата муслиманска книга Куранот (куран-и Керим) во Шведска, кинењето на Куранот во Норвешка, поттикнувањето на карикатурите во Франција со коишто во име на слободата на печатот се навредува божјиот пратеник Хазрети Мухамед се само некои од нападите против светите вредности на муслиманите“ - рече Ердоган и го подвлече следното: „Овој идеолошки фанатизам којшто од аспект на менталитетот нема никаква разлика од ДЕАШ или ФЕТО (Фетулахистичката терористичка организација), гледаме дека постепено добива се поголема основа, па дури дека се поттикнува на претседателско ниво.“

Нагласувајќи дека понижувањето на светите вредности на луѓето нема врска со слободата, претседателот Ердоган рече: „Оние кои ги тапкаат по грб тие кои го палат Куран-и Керим, кои ја поттикнуваат навредата врз нашиот Пејгамбер, ги изоставуваат од вид нападите врз месџидите, сето тоа не го прават во име на слободата, туку за криење на фашизмот во нив. Погледнете внимателно, додека секој вид напад врз нашите свети вредности го поставуваат под заграда на слободата на мислата и печатот, не можат да покажат трпение дури и на најмала упатена критика во врска со нив.“

Претседателот Ердоган во својот говор се осврна и на тоа дека опуштеноста, летаргијата и невниманието во кои се наоѓаат (западнале) муслиманите се најголемата причина за толку големата перверзност (непромисленост) на непријателите на исламот и човештвото.

„Задача на сите нас е оставајќи ги настрана сите наши разлики да се обединиме во заедничкиот именител исламот против нападите врз нашите свети вредности. Муслиманот освен тоа што не одзема ничие право, не се однесува нефер кон никого, исто така не посегнува и по правото, правдата, честа на никого. На муслиманот не му доликува да молчи пред неправдата и неправедноста, независно од тоа од чија страна доаѓа.“ - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.



Слични вести