Фарук Кајмакчи на 5. Форум на Унијата за Медитеран: Турција се наоѓа точно во срцето на европско-медитеранскиот регион

Заменик министерот за надворешни работи и претседател за Европска унија (ЕУ) амбасадорот Фарук Кајмакчи во говорот што го одржа на 5. Форум на Унијата за Медитеран истакна дека Турција се наоѓа точно во срцето на европско-медитеранскиот регион

1535836
Фарук Кајмакчи на 5. Форум на Унијата за Медитеран: Турција се наоѓа точно во срцето на европско-медитеранскиот регион

Заменик министерот за надворешни работи и претседател за Европска унија (ЕУ) амбасадорот Фарук Кајмакчи говореше на 5. Форум на Унијата за Медитеран.

Кајмакчи истакна дека Турција се наоѓа точно во срцето на европско-медитеранскиот регион. 

Нагласувајќи дека пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) е многу повеќе од здравствена криза, Кајмакчи привлече внимание дека доколку не се води борба онака како што треба пандемијата располага со потенцијал да предизвика многу штетни социјални, економски, човечки и политички влијанија.

Тој рече: "Во име на минимализирање на влијанијата на пандемијата и доведување во координирана состојба на стратегиите за опоравување, денеска постои многу поголема потреба од било кога досега од солидаризација на сите европско-медитерански партнери."

Фарук Кајмакчи привлече внимание дека непријателството кон странците и исламофобијата ги ослабуваат можностите за соживот во спокојство и мир, а воедно нагласи дека треба да се изнајдат патиштата (методите) за борба против овие штетни идеологии и да се развијат здрави (цврсти) политики.

Потсетувајќи дека судирите коишто продолжуваат во регионот продолжуваат да стануваат причина за нерегуларната миграција, Кајмакчи напомена дека праведното споделување на товарот и споделувањето на одговорноста се од клучно значење во решавањето на проблемот.

Привлекувајќи внимание и на значењето на решавањето на палестинското прашање, Кајмакчи рече: „Воспоставувањето на мирот и стабилноста во медитеранскиот регион (регионот на Средоземното Море) е поврзано со праведното, трајното и инклузивното (сеопфатното) решение во Палестина.“ 

Заменик министерот за надворешни работи и претседател за Европска унија (ЕУ) амбасадорот Фарук Кајмакчи, во својот говор укажа и на значењето на Турција за Европската унија и за Унијата за Медитеран, во врска со што ја изнесе следната констатација: „Турција се наоѓа точно во срцето на европско-медитеранскиот регион. Турција, како основачка земја членка на Унијата на Медитеранот и една од земјите кандидати за членство во Европската унија (ЕУ), постојано обезбедувала придонес како за активностите на ЕУ, така и за секретаријатот на Унијата за Медитеран.“



Слични вести