Борбата на Турција против Ковид-19: Во изминатите 24 часа починаа 182 лица

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 182 лица, регистрирани се 30.103 нови позитивни случаи, а оздравеа 3.611 пациенти

1536084
Борбата на Турција против Ковид-19: Во изминатите 24 часа починаа 182 лица

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 182 смртни случаи.

Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна вкупно 13.373 лица.

Во изминатите 24 часа се направени 174.443 тестирања од кои се дијагностицирани 6.714 нови случаи на заболени.

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 30.103 лица.

Вкупниот број на регистрирани случаи на инфектирани од коронавирусот (Ковид-19) изнесува 487.912 лицa.

Со отпуштање од болница на уште 3.611 излекувани, вкупниот број на оздравени пациенти од Ковид-19 во Турција се зголеми на 396.227 лица.

Од, друга страна, министерот за здравство Фахреттин Коџа информира дека се склучени првите договори за купување на вакцини против Ковид-19.

Коџа во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека продолжуваат разговорите и со алтернативни производители.

„Како што истакнав и претходно, планираме да почнеме со вакцинирање постепено почнувајќи од нашите здравствени работници. Нашата држава стои покрај своите граѓани.“ - рече министерот за здравство Фахреттин Коџа.



Слични вести