Собранието на Турција ја осуди предлог-резолуцијата на францускиот Сенат во врска со Нагорно Карабах

Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) со објавена заедничка декларација ја осуди усвоената предлог-резолуција на францускиот Сенат во врска со Нагорно Карабах

1535723
Собранието на Турција ја осуди предлог-резолуцијата на францускиот Сенат во врска со Нагорно Карабах

Пратеничките групи на четири политички партии во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) и тоа Партијата за правда и развод АКП (АК Партијата), Републиканската народна партија (ЏХП), Партијата за национално движење (МХП) и Партијата ИЈИ објавија заедничка декларација со која ја осудија усвоената предлог-резолуција на францускиот Сенат во врска со Нагорно Карабах.

Во објавената декларација со потписот на претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп се истакнува следното: "Прогласуваме дека од страна на нашето Собрание и нашиот честит народ се регистрирани оние кои фрлаат вакви непријателски чекори против нашата земја и братската земја Азербејџан."

Во заедничката декларација објавена со заедничкиот потпис на претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп и потпретседателите на пратеничките групи на четири партии во Собранието и тоа Партијата за правда и развој АКП (АК Партијата), Републиканската народна партија (ЏХП), Партијата за национално движење (МХП) и Партијата ИЈИ, се вели дека усвоената предлог-резолуција на францускиот Сенат е ништовна (неважечка).

"Ја осудуваме на најсилен начин. Усвоената предлог-резолуција на францускиот Сенат е ништовна (неважечка) од аспект на меѓународното право." - стои во декларацијата.

Се нагласува дека францускиот Сенат доживува очајно замрачување на умот и се подвлекува следното:

"Се надеваме дека француската Влада нема да ја земе во увид оваа одлука којашто содржи нелогични неосновани тврдења, имагинарни клевети и несериозни предлози коишто се во целосна спротивност со меѓународното право, праведноста и вистините во регионот."



Слични вести