Реакција од Анкара на одлуката на Европскиот парламент во врска со Турција и ТРСК

Портпаролот на МНР Хами Аксој истакна дека целосно се отфрла усвоената одлука на Европскиот парламент (ЕП) во врска со Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК), која е во својство на препорака и не е обврзувачка

1535542
Реакција од Анкара на одлуката на Европскиот парламент во врска со Турција и ТРСК

Турција соопшти дека целосно ја отфрла  усвоената одлука на Европскиот парламент (ЕП) во врска со Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК), која инаку е во својство на препорака и не е обврзувачка.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој одговори писмено на поставеното прашање посветено на усвоената одлука од страна на Европскиот парламент (ЕП) во врска со Затворениот Мараш и Кипарското прашање.

Аксој рече: „Целосно ја отфрламе одлуката со препорака на Европскиот парламент (ЕП) во врска со нашата земја и Турската Република Северен Кипар (ТРСК), која не е обврзувачка.“

Подвлекувајќи дека во врска со ова прашање, целосно се поддржува објавеното соопштение од страна на претседателството на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Хами Аксој го истакна следното: „Оваа одлука за којашто нема сомневање дека е диктирана од Јужната кипарско-грчка управа уште еднаш покажа колку е откината од вистините и со предрасуди Европскиот парламент (ЕП) по прашањето на Кипар. Доколку го задржат овој нивен приод и менталитет, органите на Европската унија (ЕУ) не ќе можат да имаат соодветен конструктивен придонес во решавањето на Кипарското прашање. Земањето во заложништво на односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ), не е во услуга ниту на општите интереси на ЕУ, ниту на решавањето на Кипарскиот проблем, ниту пак на подобрувањето на соседските односи.“

Аксој напомена дека ги повикуваат Европскиот парламент (ЕП) и Европската унија (ЕУ) да се соочи со вистините на островот Кипар, да го земе во предвид кипарскиот турски народ и ЕУ да ги исполни ветувањата коишто и ги даде на кипарските Турци, во април 2004 година.

Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хами Аксој подвлече дека Турција со одлучност ќе продолжи да ги брани ѝ своите сопствени права ѝ правата на кипарските Турци, без да потклекне пред ниту една закана и уцена, а воедно додаде дека Турција истовремено ќе ги продолжи и напорите за дијалог и преговори. 

Инаку, во усвоената одлука на Европскиот парламент (ЕП) се бара од турската страна да се врати назад од одлуката за отворање на еден дел од Затворениот Мараш на Кипар, повторно да се започне со преговорите со коишто се има за цел Кипарскиот проблем да се реши на основа на федерација од две заедници и два дела (бизоналност) и да се применува ембарго од страна на Европската унија (ЕУ) против Турција.



Слични вести