Извештајот за воени злосторства на Ерменија ќе биде објавен на целиот свет

народните правобранители имаат две должности, од кои првата е со медијација да ги решаваат проблемите помеѓу администрацијата којашто обезбедува јавни услуги во земјата и граѓаните, а втората е да работи за заштита и развој на човековите права на национал

1535022
Извештајот за воени злосторства на Ерменија ќе биде објавен на целиот свет

 

Од страна на институцијата на Народниот правобранител на Турција беше подготвен извештај за кршењето на човековите права извршени од ерменската армија во регионот Нагорно-Карабах во Азербејџан.

Главниот народен правобранител Шереф Малкоч, рече дека извештајот во кој се изнесуваат и опишуваат воените злосторства на ерменската армија извршени во Азербејџан, почнувајќи од оваа недела ќе ги испратат до надлежните органи и установи во светот, како и Комисиите за човекови права на парламентите на земјите  членки.

Во изјавата во врска со извештајот, Малкоч посочи дека народните правобранители имаат две должности, од кои првата е со медијација да ги решаваат проблемите помеѓу администрацијата којашто обезбедува јавни услуги во земјата и граѓаните, а втората е да работи за заштита и развој на човековите права на национално и меѓународно ниво.

Надоврзувајќи  се податокот дека во рамките на подготвувањето на извештајот, престојувале во посета на Азербејџан и извршиле увид на цивилните населени места оштетени од нападите на ерменската армија, Малкоч рече:

„За време на нашата посета на Азербејџан, ги посетивме цивилните населби надвор од бојните полиња како што се Генџе, Тертер, Горанбој, Агдам, па дури и Баку кои беа погодени од ерменските ракети. Градот Генџе кој се наоѓа на неколку километри надвор од бојното поле, исто како и градот Тертер беше погоден од ракетите кои беа исфрлени од страна на Ерменија.

Наведувајќи дека во ерменските ракетни напади загинаа 94 азербејџански граѓани цивили, Малкоч изјави дека 414 биле повредени.

„Сите се надеваме дека нема да има војна, но според меѓународното право, поради самоодбрана и слични причини војна може да има на фронтот. Но, намерното бомбардирање на цивилните населби на 100-150 километри од воениот фронт е злосторство против човештвото. Ова е кривично дело против основните права наведени во Европската конвенција за човекови права, Женевската конвенција“.

Во рамките на испитувањето, бевме сведоци на жалните последици на нападите во Азербејџан, рече Малкоч и наведе: „Разговаравме со роднините на луѓето кои загинаа и беа повредени во нападите. Исто така разговаравме и со децата кои ги загубија своите родители. Видовме уништени училишта и куќи. Видовме оштетени и уништени објекти за богослужба. Видовме како е уништена околината, како се користи забрането оружје и бомби. Сите ги објаснивме во извештајот“.

Наведувајќи дека извештајот составен од 7 поглавја вклучува наслови како „Проблемот Нагорно-Карабах“, „Утврдени состојби како резултат на теренската истрага“, „Евалуација на судирите од аспект на човековите права“, правобранителот Малкоч рече:

„Освен тоа, во нашиот извештај направивме хронолошки редослед на нападите извршени од страна на вооружените сили на Ерменија. Одделно ги испитавме фотографиите на цивилите кои ги загубија животите како резултат на нападите на ерменските вооружени сили и местата каде што загинаа“.

Изјавувајќи дека во својство на институцијата Народен правобранител, со извештајот што го подготвија овие случувања сакаат да бидат забележани во историјата, Малкоч рече:

„Вложивме напори да ги утврдиме сторителите на воени злосторства, кои ги убиваа невините цивили, ја уништуваа животната средина, во 01:00 часот ноќе ги убиваа едногодишните деца и возрасни лица, кои не се поврзани со војната, истите да бидат изнесени пред меѓународен суд и да им е суди. Почнувајќи од оваа недела, извештајот ќе го испратиме до сите инволвирани установи и инситуции во Турција, институциите за човекови права, правобранителите и бранителите на човекови права во светот. Исто така ќе го испратиме до Комисиите за човекови права на парламентите на земјите членки на Европската унија. Секако дека ќе го испратиме и во Азербејџан. Се обидовме да ја исполниме нашата одговорност во име на човештвото и човековите права. Останатото е работа на другите меѓународни институции. Секако дека одговорноста и на другите е сторителите на наведените злосторства и кривични дела, убијците на невините цивили, сите оние кои ги прекршуваат одредбите на Женевската конвенција, Европската конвенција за човекови права и Универзалната декларација за човекови права, да ги изведат пред јавните обвинители и судовите и да им се суди. Наша должност беше овие случувања да ги евидентираме“.

Посочувајќи дека смета дека Ерменија и покрај извршувањето на воените злосторства, нема да одговара, Малкоч рече:

„Има нешто што заборавија, а тоа е дека сега светот не е стариот свет, Азербејџан не е стариот Азербејџан, Турција не е стара Турција. Затоа мислат дека повторно ќе бидат заштитени од страна на оние кои досега ги штитеа до сега. Но забораваат дека овој извештај ќе биде доказ во меѓународните постапки против Ерменија во однос на кршењето на човековите права“.

Изјавувајќи дека по примирјето кое стапи на сила на 10 ноември и повлекувањето на Ерменија од окупираните територии, на виделина излезе обемот на уништувањето во окупираните региони, Малкоч рече:

"Постојат злосторства против историјата коишто ги извршија во Шуша, Агдам, Тертер и Келбеџер. Џамиите ги претворија во штали за свињи, ги уништија гробовите на муслиманите. Зарем тоа може да се толерира? Секако дека ќе се побара сметка за масакрот во Хоџали и сличните, за да не се осмелат истото да го сторат во иднина“.

Во извештајот посебен акцент се става на ерменските напади врз граѓанските населби кои се многу далеку од зоните на судирите.

„Ерменските вооружени сили напаѓајќи ги цивилните населби, користејќи неселективно оружје, како што се касетни бомби поради што се забранети, го прекршија правото на живот на цивилите и извршија воени злосторства во рамките на меѓународното хуманитарно право“.

Во извештајот преку фотографиите на цивилните населби погодени од ракети се открива обемот на уништување и се наведува дека во нападите 3.410 самостојни куќи, над 120 станбени згради и 512 општествени објекти биле сериозно оштетени.

Во извештајот, во кој исто така се објавени и интервјуата со оние кои како резултат на нападите ги загубија своите роднини, во врска со посета на една куќа во Генџе беше истакнато следното:

„Двогодишната Нилај, која ги загуби родителите и бабата во нападот, беше запознаена со тетка и која рече дека Нилај постојано повторувала дека мајка и е бремена и дека Нилај, која го загуби својот нероден брат, постојано плачеше и прашуваше за мајка и“.



Слични вести