Ерен: „Целта на дискусиите на Светскиот форум на ТРТ е да се опипа пулсот на светскиот дневен ред“

Меѓу нашите главни теми се: „Улогата на радиодифузијата и медиумите во пандемискиот период“, „Заеднички решенија за глобалните здравствени проблеми“, „Иднината на деловниот и образовниот сектор“ и „Хуманитарната помош“ во овој период

1535433
Ерен: „Целта на дискусиите на Светскиот форум на ТРТ е да се опипа пулсот на светскиот дневен ред“

 

Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на Турската радио и телевизија (ТРТ) Ибрахим Ерен рече дека како и секогаш, така и оваа година целта на дискусиите на Светскиот форум на ТРТ (TRT World Forum)  е да се опипа пулсот на светскиот дневен ред“.

Ерен рече дека овогодишниот 4-ти Светски форум ТРТ што ќе се одржи на 1-2 декември под наслов „Меѓународниот поредок и променливите динамики во постпандемискиот свет“, кој првите денови го започнаа поаѓајќи од сфаќањето дека во фокусот се човекот и совеста, е да биде меѓународна платформа за дискусија на која ќе се дискутираат глобалните проблеми, потенцирајќи дека во последните 3 години, тоа го постигнале над нивните очекувања.

Наведувајќи дека поради новиот вид епидемија на коронавирус (Ковид-19), годинашниов Светски форум TRT 2020 ќе се одржи онлајн во живо преку интернет, Ибрахим Ерен продолжи:

„Како и секогаш, така и оваа година имаме за цел да разговараме и дискутираме за прашањата што го опипуваат пулсот на светската агенда. Меѓу нашите главни теми се: „Улогата на радиодифузијата и медиумите во пандемискиот период“, „Заеднички решенија за глобалните здравствени проблеми“, „Иднината на деловниот и образовниот сектор“ и „Хуманитарната помош“ во овој период.

Нашите намери и цели се крајно јасни, рече генералниот директор на ТРТ Ерен наведувајќи дека светот и особено географијата на која се простира Турција, одреден период се  во потрага.

Во тој контекст Ерен истакна дека со овој форум, имаат за цел да го дадат својот придонес во оваа потрага и барање, преносители во објавувањето на предлог решенијата, платформа задискусии за случувањата и сето она што се случило во светот и да создадат поволна основа за дискусија на различните идеи.

Генерален директор на ТРТ Ерен потенцираше дека „Сите оние коишто годинава ќе се регистрираат преку веб-страницата, ќе имаат пристап и на отворените сесии и на паралелните сесии и на виртуелното фоаје. Нашите отворени сесии истовремено ќе можат да се следат од нашите профили на социјалните медиуми. Светскиот форум на ТРТ, на кој минатата година учествуваа над 2 илјади луѓе, годинава кој ќе се одржи во виртуелна средина, се очекува поголемо учество“.

ТРТ денес како резултат на инструментите и различните погледи и ставови стана бренд со светско реноме, рече Ерен потенцирајќи дека со проектите и кампањи за подигање на свеста со кои продолжуваат, во својство на јавен радиодифузер на Турција, со медиумските средства планираат вниманието на јавноста да го привлечат кон клучните прашања кои ја засегаат општествената јавноста, да го зајакнат општеството, на што сметаат како на важна одговорност.

Ибрахим Ерен рече дека исто така придаваат големо значење за продолжување на присуството на ТРТ на меѓународните платформи служејќи му на човештвото, мирот, просперитетот и правдата.



Слични вести