Емирот на Катар Ал Сани сподели објава од посетата на Анкара

„Рализирав успешна рунда преговори со Мојот брат, претседателот Реџеп Тајип Ердоган“ рече Ал Сани

1535237
Емирот на Катар Ал Сани сподели објава од посетата на Анкара

 

Емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Сани, откако ги заврши средбите во Турција, посетата ја оцени за „успешна“.

Емир Ал Сани, во објавата на својот профил на Твитер истакна:

„Во врска со партнерството меѓу Катар и Турција во Анкара реализирав успешна рунда преговори со Мојот брат, претседателот Реџеп Тајип Ердоган“.

„На средбата одлучивме уште повеќе да ги искористиме можностите на двете земји за унапредување, развој и консолидирање на партнерството во корист на народите на Катар и Турција и во тие рамки со претседателот Ердоган разменивме мислења за некои прашања, меѓународните и регионалните случувања“ рече Ал Сани.

Во писменото соопштение кое беше објавено од Советот на Емиратот, беше наведено дека „Емирот на Катар Ал Сани му се заблагодари на претседателот Ердоган за неговиот „срдечен пречек“ додека ја заврши својата посета и на турскиот народ и претседателот им посака напредок и просперитет“.

„Катар и Турција на средбите уште еднаш ја потврдија желбата и решителноста за продолжување на јакнењето на силните братски односи меѓу двете земји како и стратешкото партнерство во сите полиња.

Вчера, во рамките на 6-от Состанок на Високиот стратешки комитет меѓу Катар и Турција во Анкара, кој се одржува во рамките на развојот на билатералните односи во различни области, допатува Емирот на Катар, Шеик Тамим бин Хамад Ал Сани.

На состанокот со кој претседаваа претседателот Реџеп Тајип Ердоган и Емирот на Катар, Ал Сани беа потпишани 10 договори меѓу двете земји.



Слични вести