Борбата на Турција против Ковид-19: Во изминатите 24 часа животот го загубија 177 лица

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 177 лица, регистрирани се 29.845 нови позитивни случаи, а оздравеа 3.845 пациенти

1535772
Борбата на Турција против Ковид-19: Во изминатите 24 часа животот го загубија 177 лица

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 177 смртни случаи.

Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна вкупно 13.191 лице.

Во изминатите 24 часа се направени 171.113 тестирања од кои се дијагностицирани 6.592 нови случаи на заболени.

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 29.845 лица.

Вкупниот број на регистрирани случаи на инфектирани од коронавирусот (Ковид-19) изнесува 481.198 лицa.

Со отпуштање од болница на уште 3.845 излекувани, вкупниот број на оздравени пациенти од Ковид-19 во Турција се зголеми на 392.616 лица.

 

 

 



Слични вести