Советот за национална безбедност: Ќе бидат преземени сите неопходни чекори против незаконскиот претрес на операцијата Ирини“

Во објавената декларација по состанокот се истакнува дека ќе бидат фрлени неопходните чекори во секоја сфера против начинот на постапување (незаконскиот претрес без да се добие одобрение) кон турскиот трговски брод во рамките на операцијата „Ирини“

1534443
Советот за национална безбедност: Ќе бидат преземени сите неопходни чекори против незаконскиот претрес на операцијата Ирини“

Советот за национална безбедност ја осуди едностраната интервенција врз турскиот трговски брод во рамките на операцијата „Ирини“ во Источниот Медитеран, во спротивност со меѓународното право и сојузничките односи.

Вчера под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се одржа состанок на Советот за национална безбедност.

Во објавената декларација по состанокот се истакнува дека ќе бидат преземени неопходните чекори во секоја сфера против начинот на постапување (незаконскиот претрес без да се добие одобрение) кон турскиот трговски брод во рамките на операцијата „Ирини“, чија наводна цел е да го применува ембаргото на оружје на Обединетите нации (ОН) кон Либија.

Во декларацијата исто така се вели и следното: „Никогаш нема да се прифатат инсистирањето во негирањето (неприфаќањето) на постоењето на две заедници и две држави на Кипар и насилните наметнувања коишто ја претставуваат основата за нерешението помеѓу страните, негирајќи го притоа (сметајќи го за ништовно) турското присуство на островот.“

Освен тоа во декларацијата на Советот за национална безбедност уште еднаш се потврдува дека апсолутно нема да се дозволи да се формира терористички коридор јужно од границите на Турција.

Во декларацијата исто така се нагласува и задоволството од тоа што Азербејџан ги врати назад своите татковински територии кои повеќе од четвртина век беа под окупација.



Слични вести