Реакција од министерот Акар на усвоената предлог-резолуција во францускиот Сенат за Нагорно Карабах
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар покажа реакција против усвоената предлог-резолуција на францускиот Сенат со која се бара од француската Влада да ја признае таканаречената „Република Нагорно Карабах“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар одговараше на прашањата на новинарите во Анкара во врска со актуелниот дневен ред при што направи проценка и на усвоената предлог-резолуција од страна на францускиот Сенат (Горниот дом на францускиот Парламент) посветена на Нагорно Карабах.
Министерот Акар покажа реакција против предлог-резолуцијата со која се бара од француската Влада да ја признае таканаречената „Република Нагорно Карабах“.
Инаку, оваа предлог-резолуција со симбилично значење беше усвоена во францускиот Сенат со 305 гласа „за“, еден глас „против“ и 30 „воздржани“.
Во усвоената предлог-резолуција се бара Франција да им достави хуманитарна помош на Ерменците и да побара да се поведе меѓународна истрага во врска со како што се наведува „воените злосторства“ извршени во Нагорно Карабах.
Се вели дека треба да се заштити верското и културното наследство на Ерменците и да им се помогне на раселените лица во Нагорно Карабах за нивно повторно враќање во своите домови.
Во усвоената предлог-резолуција едно се упатува повик до француската Влада да ја признае таканаречената „Република Нагорно Карабах“.
Слични вести
