Претседателот Ердоган: Мораме сите заедно да водиме борба против дигиталниот фашизам

Претседателот Ердоган во говорот преку линк во живо на 4. Меѓународен самит за жена и правда рече: „Мораме сите заедно да водиме борба против дигиталниот фашизам кој единките ги смета само како име или број“

1534779
Претседателот Ердоган: Мораме сите заедно да водиме борба против дигиталниот фашизам

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган преку линк во живо учествуваше на 4. Меѓународен самит за жена и правда кој ќе се одржи во виртуелна средина.

Претседателот Ердоган рече: „Крајот на дигитализацијата која единките ги смета само како име или број води кон фашизам. Мораме сите заедно да водиме борба против дигиталниот фашизам.“

„Со векови ги трпевме болките на етничкиот и верскиот фашизам. Најголемата слабост на дигитализацијата која постепено се повеќе се проширува во секоја сфера, е постепената монопол на контролата на податоци. Крајот на дигитализацијата која единките ги смета само како име и број, води кон фашизам. Мораме сите заедно да водиме борба против дигиталниот фашизам, треба да бараме патишта за решение. Не треба да ги заборавиме рушењата предизвикани од војните во минатиот век, а треба да спречиме да се појават нови неправди и со дигитализацијата.“ - порача претседателот Ердоган.

Велејќи дека Турција се наоѓа на чело на земјите кои се подложени најмногу на сајбер напади во последно време, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Онолку колку што е значајна безбедноста на нашите граници, толку е значајно и чувањето на овие податоци.“



Слични вести