По пат на убедување се предадоа уште 5 мина терористи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека како резултат на активностите за убедување се предадоа уште 5 мина терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1534574
По пат на убедување се предадоа уште 5 мина терористи

По пат на убедување се предадоа уште 5 мина терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи се истакнува дека како резултат на активностите за убедување водени од страна на Генералната дирекција на полицијата и Генералната команда на жандармеријата под координација на Министерството им се предадоа на безбедносните сили уште 5 мина терористи кои избегале од сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во соопштението се вели дека како што е установено терористите кои се предале ѝ се приклучиле на терористичката организација во годините помеѓу 2011-2015 и делувале во Сирија и Ирак.

Во соопштението на Министерството се додава дека на тој начин бројот на терористите кои се предадоа во текот на оваа година по пат убедување достигна до 215.



Слични вести