Мевлут Чавушоглу разговараше телефонски со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи, во врска со телефонскиот разговор се вели следното: „Почитуваниот министер Мевлут Чавушоглу разговараше со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг“

1534796
Мевлут Чавушоглу разговараше телефонски со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи, во врска со телефонскиот разговор се вели следното: „Почитуваниот министер Мевлут Чавушоглу разговараше со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека во телефонскиот разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги разгледале подготовките за состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО што ќе се одржи идната недела.

Притоа, Чавушоглу му нагласил на Столтенберг дека е неприфатлив незаконскиот претрес на турскиот трговски брод во Средоземното Море, којшто беше извршен во рамките на операцијата „Ирини“.

„Нагласив дека е неприфатлив начинот на постапување кон нашиот брод. Направивме проценка на случувањата во врска со Источниот Медитеран, Авганистан, Либија и Нагорно Карабах.“ - напиша министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер.



Слични вести