Анкара домаќин на 6. состанок на Високиот стратешки комитет помеѓу Турција и Катар

Катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани кој по повод состанокот допатува во Турција, во претседателската палата во Бештепе, во Анкара, беше пречекан со официјална церемонија од страна на претседателот Ердоган

1534974
Анкара домаќин на 6. состанок на Високиот стратешки комитет помеѓу Турција и Катар
erdoğan al sani.jpg

Во Анкара се одржува 6. состанок на Високиот стратешки комитет помеѓу Турција и Катар, а којшто се организира во рамките на билатералните односи помеѓу двете земји коишто се развиваат и растат во различни сфери.

Со состанокот претседаваат претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и катарскиот емир Шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани.

Катарскиот емир Шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани кој по повод состанокот допатува во Турција, во претседателската палата во Бештепе, во Анкара, беше пречекан со официјална церемонија од страна на претседателот Ердоган.

По церемонијата, претседателот Ердоган и катарскиот емир Шеикот Ал Тани преминаа на средба лице в лице, а потоа се одржаа меѓуделегациски разговори.

по завршувањето на разговорите се премина на церемонија на потпишување на низа договори помеѓу двете земји.

Во присуство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и катарскиот емир Шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани беа потпишани 10 договори помеѓу двете земји.

Освен тоа, на церемонијата од страна на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и катарскиот министер за надворшени работи Мухамед бин Абдурахман Ал Тани беше потпишана „Заедничката декларација на 6. состанок на Високиот стратешки комитет помеѓу Република Турција и државата Катар.“ 

Претседателот Ердоган и Ал Тани во последните 70 месеци одржаа 18 самити и оваа состојба е од големо значење од аспект на односите помеѓу двете земји и меѓудржавните односи.



Слични вести