Турција уште еднаш ја повика Грција да седнат на „преговарачка маса“

Грција веќе треба да разбере дека не може да постигне резултат со употреба на заканувачки јазик и обид да ја заведе Европската унија (ЕУ)

1533724
Турција уште еднаш ја повика Грција да седнат на „преговарачка маса“

 

Турција соопшти дека Грција што поскоро треба да се седне на преговарачката маса.

Портпарол на Министерството за надворешни работи Хами Аксој објави писмен одговор на изјавите на грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас во врска со Турција, кој ги  објави на социјалните медиуми.

Аксој рече дека обвинувањата упатени кон Турција и употребата на заканувачки јазик во изјавите на Дендиас, уште еднаш покажа дека грчката страна не сака прашањата и  проблемите со Турција да ги реши преку дијалог и дипломатија.

Конструктивниот став и чекорите на добра волја на Турција за изнаоѓање решение на прашањето во Источниот Медитеран од минатиот август, не наидоа на соодветен одговор, рече Аксој потенцирајќи:

„Во оваа ситуација, оценката на Грција на нашите решителни активности за заштита на правата на нашата земја и Кипарските Турци пред нејзините максималистички барања во регионот како „провокативни“ или дури „незаконски“ е изговор за бегство од дијалогот“.

Аксој рече дека повикот на Турција за дијалог секогаш важи и ќе продолжи да важи потенцирајќи:

„Грција веќе треба да разбере дека не може да постигне резултат со употреба на заканувачки јазик и обид да ја заведе Европската унија (ЕУ). Треба да престане и да се откаже да поставување предуслови и што е можно поскоро да седне на преговарачката маса“



Слични вести