Турција никогаш не следеше експанзионистичка политика во справувањето со регионалните проблеми

Нападот и претресот на турскиот брод, нема место во поморското право

1534077
Турција никогаш не следеше експанзионистичка политика во справувањето со регионалните проблеми

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција никогаш не следеше експанзионистичка политика кога се справуваше со регионалните проблеми.

Претседател Ердоган во говорот на седницата на пратеничката група на Партијата за правда и развој (АК Партија) чиј претседател  во Големото национално собрание на Турција дека рече:

„Турција, кога се справува со регионалните проблеми, кога ги изнесува  неправдите на глобалниот систем или кога интервенира врз кризите, никогаш не следи експанзионистички пристап и политика. Ние немаме никакви територијални претензии, единствено вложуваме напори да ја обезбедиме и заштитиме нашата национална безбедност“.

Потенцирајќи дека Турција е единствена земја членка на НАТО, која се бори гради в гради во Сирија, Ердоган потсети дека Турција фати 9 илјади странски терористи кои беа вратени во нивните земји.

Ердоган истакна дека Турција вложува извонредни напори да спречување на преминот на терористите низ територијата на земјата во зоните на конфликти.

Во освртот на незаконскиот претрес на турскиот брод во Средоземното море кој беше извршен во рамките на операцијата „Ирини“ на Европската унија (ЕУ), Ердоган рече дека и покрај сите провокации на Грција и Кипарско грчката управа,  како и ладнокрвниот став на Турција во Источниот Медитеран, беше извршен напад врз еден турски брод. „Ова нема место во меѓународното поморско право“, рече Ердоган.

Ердоган потсети дека Турција исто така придонесе кон окончувањето на 30-годишната неправда во Нагорно Карабах и во тој контекст рече:

"Благодарение на поддршката на нашата земја, беше окончана ерменската окупација на Нагорно Карабах која е  територија на Азербејџан и за прв пат се зголеми надежта за постигнување трајно решение. Турција, Азербејџан и Русија ќе бидат гаранција за мирот во регионот. Иако со приближно 30-годишно доцнење, беше спроведена правдата и знамето на Азербејџан се вее во Карабах“.



Слични вести