Претседателот Ердоган им честиташе на турските командоси за успешната операција

„Се надевам дека овој храбар чекор нема да биде ниту прв ниту последен“ рече Ердоган

1534245
Претседателот Ердоган им честиташе на турските командоси за успешната операција

 

Претседателот Реџеп Таjип Ердоган им честиташе на командосите кои вчера неутрализираа 17 терористи на сепаратистичкo-терористичка организација ПКК/ЈПГ во зоната на операцијата „Извор на мирот“ во Сирија.

Претседателот Ердоган кој истовремено е и лидер на Партијата за правда и развој (АК Партија), во говорот на седницата на пратеничката група во Големото национално собрание на Турција (ТББМ) се осврна и на борбата против тероризмот.

Ердоган рече:

„Вчера 17 терористи се обидоа да се инфилтрираат, особено во областа „Извор на мирот“. Тие беа убиени од страна на нашите јуначки командоси. Во името на нашата нација ги бакнувам очите на нашите командоси и се надевам дека овој храбар чекор нема да биде ниту прв ниту последен“.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за национална одбрана (МНО) беше истакнато дека терористите се обиделе да извршат напад врз зоната „Извор на мирот“.

Во соопштението беше наведено дека 17 терористи, членови на ПКК/ЈПГ кои се обидоа да извршат напади, беа неутрализирани од страна на командосите.



Слични вести