МНО: „Упадот и претресот на турскиот трговски брод е нелегален и се коси со меѓународното право“

Тера на замислување фактот дека инцидентот беше извршен од страна на една сојузничка морнарица

1533762
МНО: „Упадот и претресот на турскиот трговски брод е нелегален и се коси со меѓународното право“

 

Министерството за национална одбрана (МНО) во врска со нелегалниот упад и претрес на турскиот трговски брод во Источниот Медитеран кој се коси со меѓународното право објави писмено соопштение.

Во соопштението  беше истакнато дека детално се испитува запирањето и претресот на  трговскиот брод „ROSELINE-A“ на 22 ноември 2020 кој пловеше под турско знаме на отворено море.

„Вооружениот и опремен тим за пребарување на германската фрегата, како и хеликоптерот принудно го запреа и се искачија на бродот кој пловеше под турско знаме и покрај несогласувањето на  капетанот на бродот и државата“.

Во соопштението во кое беше подвлечено дека пребарувањето/претресот на  бродот беше завршено по инсистирањето и упорното предупредување на Република Турција која не даде согласност и го изнесе својот протест како и неутврдувањето никаква сомнителна околност (бидејќи товарот на бродот беа брашно, масло, бисквити, месо, козметика, здравствени и други производи за широка потрошувачка како и градежни материјали), беше потенцирано и следното:

„Запирањето, искачувањето на бродот, криминалистичкиот третман кон персоналот и екипажот на бродот кое наликуваше на пиратските и беше извршено без согласност на Република Турција, целосно се коси меѓународното право и практика. Покрај тоа, ако се земе во предвид фактот дека овој вид незаконска практика беше спроведена од страна на една сојузничката морнарица, тера на размислување. Јасно е дека во оваа погрешна примена станува збор за пристрасно и емотивно однесување на командантот на операцијата. Од тој аспект ние ги задржуваме сите наши права. Не треба да се заборави дека таквото малтретирање ќе биде пример за други практики“.

Во соопштението во кое беше истакнато дека Турција, уште од самиот почеток на кризата во Либија го брани ставот дека прашањето може да се реши преку политички дијалог, беше наведено:

„Подготвени сме да соработуваме за одржување на мирот и стабилноста во регионот и зголемување на потребната соработка и координација со цел да се спречи евентуалното и повторно случување на вакви настани“.



Слични вести