Ердоган оствари телефонски разговор со Путин

На разговорот беа разменети мислења за зголемувањето на обемот на трговијата меѓу Турција и Русија, Нагорно-Карабах како и случувањата во Сирија и Либиј

1533703
Ердоган оствари телефонски разговор со Путин

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

На разговорот беа разменети мислења за зголемувањето на обемот на трговијата меѓу Турција и Русија, Нагорно-Карабах како и случувањата во Сирија и Либија.

Претседателот Ердоган на средбата рече дека во најскоро време очекуваат да се формира Заедничкиот центар меѓу Турција и Русија во Нагорно Карабах и веднаш да започнат со активностите.

Ердоган рече дека на ерменската страна не смее да и се дозволи да ги избегне одговорностите во врска со договорот и дека не е можно да се разберат критиките на другите копретседавачи на групата Минск (Соединетите Американски Држави и Франција) за мировните напори (основани за охрабрување на Азербејџан и Ерменија за наоѓање мировно решение за конфликтот во Карабах).



Слични вести