Ердоган: Непријателството кон исламот и муслиманите е претворено во политика во некои европски земји

Претседателот Ердоган истакна дека непријателството кон исламот и муслиманите, во некои европски земји е претворено во политика којашто наоѓа заштита лично на ниво на претседатели

1534195
Ердоган: Непријателството кон исламот и муслиманите е претворено во политика во некои европски земји

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, денеска од претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе во Анкара преку линк во живо учествуваше на отворањето на 36. состанок на Постојаниот комитет за економска и трговска соработка на Организацијата за исламска соработка (ИСЕДАК).

Претседателот Ердоган овде во своето обраќање истакна дека непријателството кон исламот и муслиманите, во некои европски земји е претворено во политика којашто наоѓа заштита лично на ниво на претседатели.

„Муслиманите се соочуваат со истата кампања на линчување и омраза којашто пред Втората светска војна беше применувана во Европа против Евреите. Не можеме правата и правото на милиони наши луѓе да ги жртвуваме за страстите на неспособните политичари. Во склопот на правото и демократијата, искористувајќи ги и меѓународните платформи, мораме да се бориме против културниот расизам којшто го зафатил Западот како чума. Несомнено, патот на тоа поминува од здружување на силите. Верувам дека и вие земји членки ќе ја дадете потребната поддршка на Програмата на ИСЕДАК за Кудс (Ерусалим) којашто ќе го зголеми просперитетот на нашите палестински браќа. Единството, заедништвото (слогата) и ефикасната соработка меѓу нас, ќе бидат клучот на нашиот успех ѝ во палестинската кауза ѝ во другите сфери.“ - порача Ердоган.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор воедно истакна дека пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) покажа дека целото човештво ја споделува истата судбина, без притоа да прави верска, јазична и расна разлика.

Велејќи „Треба да ги мобилизираме можностите со коишто располагаме за намалување на економските влијанија на пандемијата и да го обезбедиме континуитетот во производството и побарувачката“, претседателот Ердоган го подвлече следното: „За да не би била доживеана голема штета врз нашата надворешна трговија во процесот на пандемијата, треба да ги активираме мерките за поттикнување и олеснување на трговијата.“



Слични вести