Ердоган: „Најдоцна во април ќе почне вакцинацијата на домашната вакцина“

Ако не се спречи неизбежниот тек на епидемијата во Турција, тогаш ќе бидеме принудени да спроведеме поригорозни и болни мерки

1534123
Ердоган: „Најдоцна во април ќе почне вакцинацијата на домашната вакцина“

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека вакцината од домашно производство којашто Турција ја разви против новиот вид коронавирус (Ковид-19) најдоцна во април планира да почне со употребата.

Претседателот на државата Ердоган кој истовремено е и претседател на Партијата на правда и развој (АК Партија) во говорот пред пратеничката група во Големото национално собрание на Турција се осврна и на домашната вакцина која беше развиена против Ковид-19.

„Домашната вакцина што ја развивме најдоцна во април планираме да почнеме со примената. Исто така размислуваме вакцината да ја понудиме на услуга на целото човештво под најсоодветни услови“ рече Ердоган.

Ердоган изрази надеж дека до крајот на декември ќе можат да ги реализираат првите вакцинации на кинеската вакцина.

„Ако не се спречи неизбежниот тек на епидемијата во Турција, тогаш ќе бидеме принудени да спроведеме поригорозни и болни мерки.

Свесни сме за проблемите предизвикани од преземените мерки. Очекувам трпеливост и поддршка од мојата нација“ рече Ердоган.



Слични вести