Чавушоглу: „Одговорот на нелегитимниот претрес на бродот ќе го дадеме на терен“

Nе е точно соопштението дека во врска со претресот на турскиот брод во рамките на операцијата Ирини во Средоземното море била побарана нашата согласност

1533730
Чавушоглу: „Одговорот на нелегитимниот претрес на бродот ќе го дадеме на терен“

 

Турција соопшти дека не е точно соопштението на Европската унија (ЕУ) дека во врска со претресот на турскиот брод во рамките на операцијата Ирини во Средоземното море била побарана нашата согласност.

Во соопштението кое беше објавено на англиски преку профилот  на Твитер на Министерството за надворешни работи беше истакнато дека „Во рамките на операцијата Ирини на (турскиот трговски брод), Розелина-А беше извршено илегално и присилно искачување и претрес без претходно барање дозвола од државата под чие знаме плови и покрај сите вербални и писмени предупредувања на турските власти кои за жал беа игнорирани“.

Во соопштението беше истакнато дека ЕУ објави соопштение во кое истакна дека наводно не била потребна согласност за запирање, искачување и претрес на бродот од земјата под чие знаме плови, додека веднаш по објавувањето на протестот од страна на Турција како и изнесувањето на ставот дека правото на надомест ќе биде скриено, дојде до промена на позицијата и беше увидено дека без дозвола на земјата под чие знаме плови, не може да се запре и излезе на бродот.

Во соопштението, исто така беше нагласено дека секогаш треба да се почитуваат правилата на меѓународното право и слободата на навигацијата.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во врска со операцијата Ирина против турскиот брод рече:

„Ние, нашиот одговор ќе го дадеме на терен, а исто така ќе ги следиме правните и политичките процеси“.

Чавушоглу на едно прашање на новинарите во Големото национално собрание на Турција (ТБММ) рече дека (за време на настанот) Турција, со посредство на амбасадата во Рим, надлежната генерална дирекција при министерството навремено ги реализираше потребните предупредувања дека без дозвола на земјата под чие знаме плови бродот, не може да се излезе.

Сега отворено да кажам дека во оваа смисла, ние секако дека нашиот одговор ќе го дадеме на теренот“.



Слични вести