Борбата на Турција против Ковид-19: Регистрирани 168 смртни случаи, 6.814 новозаразени

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 168 лица, регистрирани се 6.814 новозаразени, оздравеа 3.911 пациенти; Досега починаа вкупно 12.840 лица, инфектирани се 467.5730, а оздравеа 385.480 лицa

1534347
Борбата на Турција против Ковид-19: Регистрирани 168 смртни случаи, 6.814 новозаразени

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 168 смртни случаи.

Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна до 12.840 лица.

Во изминатите 24 часа се направени 164.547 тестирања од кои се дијагностицирани 6.814 новозаразени.

Вкупниот број на регистрирани случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19) изнесува 467.730 лицa.

Со отпуштање од болница на уште 3.911 излекувани, вкупниот број на оздравени пациенти од Ковид-19 во Турција се зголеми на 385.480 лица.

Во меѓувреме, Научниот совет одржа состанок на кој беше разгледан степенот до којшто е дојдено во епидемијата.

По состанокот, министерот за здравство Фахреттин Коџа истакна дека отсега дневно ќе се објавуваат и бројките на регистрирани случаи на заразени од вирусот кои не покажуваат симптоми.



Слични вести